МНР демантира дека Димитров поднел оставка

Министерството за надворешни работи децидно ја демантира дезинформацијата дека министерот за надворешни работи на Р. Македонија, Никола Димитров поднел оставка.
– Министерот за надворешни работи на Р. Македонија и понатаму ќе продолжи посветено да работи на европската и евроатлантската иднина на земјата, со цврста верба во решителноста и јасно изразената мнозинска волја на вчерашниот референдум. Во овие клучни времиња  најмногу од се се потребна мудрост, разум и храброст за преземање одлучни чекори за конечно обезбедување иднина за нашите граѓани, известуваат од МНР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.