Лавовите се сметаат за харизматични личности со големо его, кои сепак се обожавани од луѓето околу нив. Овие личности се многу амбициозно и често завршуваат на високи позиции. Но, постојат работи кои само Лавовите ќе ги разберат.
Кога еден Лав ќе каже дека ќе направи нешто, не само што ќе го направи тоа, туку и ќе го направи тоа многу подобро од другите.
Лавовите сакаат да добиваат комплименти и затоа често ќе ве прашуваат како изгледаат дента или како им стои нешто. Спремете се за убави зборови и комплименти за нив.
Ако отидете некаде и забележите дека нема луѓе, едноставно тоа не е место за вас. Вие сакате да сте меѓу луѓе, каде ги познавате и каде можете да зборувате со секого.
Кога сте со пријателите и никој не може да донесе конечна одлука, вие го преземате лидерството и го правите тоа.
Кога станува збор за романтичните гестови за личноста која ви значи, никој не може да го надмине тоа што вие го правите. Имате големо его, но сте и највнимателните луѓе за оние кои ви значат.