До јануари 2019. може да завршат преговорите со Македонија

Пристапните преговори за влез на Македонија во НАТО веќе започнаа и би можеле да завршат до јануари 2019 година, изјави брифингот во Брисел генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
– Разговорите за влез веќе започнаа и очекувам дека можеме да ги завршиме до јануари следната година. За Македонија не постои друг начин за влез во НАТО освен прифаќањето на договор за промена на името на државата, додаде Столтенберг. Тој истакна дека одѕивот на референдумот не бил толку висок колку што се очекуваше, но изборот беше „за“ – изјави Столтенберг пред состаноците на министрите за одбрана на земјите-членки на НАТО кои ќе започнат утре.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.