Невиден инцидент се случил во основно училиште во Аеродром: Ученици фрлиле соученичка преку прозорец од училница. Четиринаесет годишно девојче преживеало хорор откако за време на одмор била малтретирана од соученици. Инцидентот, за кој денес информираше полиција кога истиот бил и пријавен од страна на таткото на девојчето, се случил во четвртокот.
-На 02.10.2018 година во 07.50 часот во Полициската станица Аеродром, Е.Ц.(50) пријавил дека на 28.09.2018 година во периодот од 10.30 до 11.00 часот во основно училиште во населбата Аеродром, за време на малиот одмор, четири малолетници-ученици во училиштето фатиле за нозе и раце нивна 14-годишна соученичка, го отвориле прозорецот од училницата што се наоѓа на приземје и ја фрлиле на земја, стои во полицискиот билтен.
Од МВР посочуваат дека девојчето се здобило со телесни повреди и дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.