Договорот со Грција е историска грешка

Договорот е историска грешка на овој народ и на оваа власт која што го потпиша оваа власт и што сака по секоја цена да го наметне и еден ден ќе се соочи со судот на историјата и ќе ја плати таа цена, рече поранешениот амбасадор во Велика Британија – Ристо Никовски во гостувањето во емисијата „Отворено“ на телевизија “Алфа“.
Според него Договорот од Преспа е неприфатлив за Македонија и нејзините граѓани, односно потенцираше дека целиот процес околу договорот бил направен на незаконски и силеџиски начин од страна на власта на СДСМ.
-За вакво прашање според Уставот не може да има консултативен референдум, значи тоа е неуставно. Според законот за референдум за прашања од меѓународен договор може да се направи референдум само доколу се ратификува во Собрание, значи повторно незаконски. Така што целата таа процедура е направена силеџиски, нагласи Никовски.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.