Унгаските медиуми со внимание ја следат работата на граѓанското движење „Стоп операција Сорос“. Под насловот „Нема да дозволиме Џорџ Сорос во Македонија да изгради паралелна држава“ Маѓархирлап.ху објави дека во Македонија заживува иницијатива за намалување на активностите на Џорџ Сорос со кои се загрозува стабилноста на земјата.
-По предвремените избори што се одржаа кон крајот на минатата година лидерот на победничката партија, централнодесничарската ВМРО-ДПМНЕ, поранешниот премиер Никола Груевски, објави сузбивање на работата на невладините организации финансирани од страна на Џорџ Сорос.“
Порталот ја пренесува изјавата на еден иницијаторите на движењето, Цветин Чилиманов, кој вели дека Фондацијата Отворено општество, чадор-организација во Македонија (ФООМ), во последните две години презема сериозни активности со кои ја уништува политичката стабилност на земјата.
„Целта на иницијативата СОС е да се подигне јавната свест за опасностите од активностите на Фондацијата Сорос, но и на странските амбасади. Исто така, не смее да им се дозволи да ја реализираат намерата да бидат продолжена рака на СДСМ, затскриени зад барањето за учество на „граѓанскиот сектор“ во донесувањето важи владини одлуки“, стои во текстот.
Особен акцент се става на изјавата на Чилиманов, во која вели: „Го поздравуваме Џорџ Сорос, кој има вишок пари за Македонија, но нема да дозволиме да изгради паралелна држава со своите служби, надворешната политика и медиумите“.
Порталот објаснува дека организрациите поддржани од Сорос работат на истиот принцип во целиот регион, па и во Унгарија. Тие се непријателски настроени кон конзервативните влади.
Унгарија е пример кој треба да се следи, таа е првата земја која ја призна заканата од Фондацијата Сорос, особено неговото барање за отворање на границите.
-По предвремените избори што се одржаа кон крајот на минатата година лидерот на победничката партија, централнодесничарската ВМРО-ДПМНЕ, поранешнио