Времето денес ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Поголема облачност ќе има во источните делови и ќе дува слаб до умерен североисточен ветер.
Утринската температура ќе се движи од 3 до 9, а дневната од 21 до 28 степени.
И во Скопје слично време, сончево со мала облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 6 до 25 степени.
Во наредните денови продолжува периодот на сончево време со мала до умерена локална облачност. Утрата ќе бидат студени, а дневните температури ќе бидат без позначителни промени и ќе се задржат над просекот за овој период од годината.