Заложничка драма во Келн, Германија

Главната железничка станица во Келн е затворена поради заложничка ситуација, соопшти германската полицијата.
Вооружен маж зел жена како заложник, а како што пренесува “Ројтерс“, повикувајќи се на германскиот весник „Фокус“, на станицата се слушнале истрели од огнено оружје. Нема информации за жртви или повредени.
Полициски кордон е поставен околу железничката станица, а испратено е и дополнителено полициско засилување. Откажани или одложени се линиите на железничката станица во Келн.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.