Адвокатката на дел од осудените за тероризам од кумановските настани во Диво Насеље кои се сличија на 9 и 10 мај 2015 година, Артене Исени реагираше во врска со обраќањето на премиерот Заев во Парламентот на Р. Македонија, од каде упати пораки и подаде рака за простување за собраниските настани од 27 април 2017 година.
Исени смета дека со овој апел Заев покажал машкост и цивилизираност, и бара подадената рака за помирување и простување да ги опфати и осудените за тероризам од случајот “Диво Насеље“.
-Македонскиот Парламент отвори дебата за ратификација на Преспанскиот договор. Во своето обраќање премиерот Заев, една од жртвите и главната цел на нападот од 27 април 2017 година, упати повик до пратениците за прошка и ја подаде раката на помирување. Тој помина преку неговите и раните на неговите другари, кои сеуште крварат заради европската иднина на земјата.
Тоа е чин на машкост и цивилизам да се подаде раката на помирување, наместо одмазда.
Почетокот на крајот на едно лошо владеење, на една диктатура се настаните од 9 мај 2015 година во Диво Насеље во Куманово.
Простувањето бездруго ќе ги опфати овие трагични настани од 9 мај за осудените од случајот Куманово.
– Господине премиер на Македонија, видете ги јасно каузалните поврзувања на овие два настани. Со политичка волја и земајќи ги во предвид безбедноста и просперитетот на општеството и државата, простување и раката помирување мора да се подаде не само на партиските опоненти, туку и за учесниците во Кумановските настани.
Со простувањето на настаните од 27 април Македонија покажува зрелост дека конечно со држава владеат демократи со европска ориентација и цивилизирани. Од проштевањето за 9 мај, Македонија покажува капацитет за живеење во добрососедски односи и меѓудржавна безбедност со сите соседни земји, особено со Косово.
Ова е во духот на Договорот Преспа – добрососедство и меѓусебно почитување, напиша Артене Исени на нејзиниот фејзбук профил.