Во Секторот за внатрешни работи Скопје ноќеска по полноќ било пријавено дека на крстосницата од улиците „Париска“ и „Варшавска“ патничко моторно возило “Ауди“ со скопски регистерски таблички управувано од 19-годишниот П.Ѓ. од Скопје изгубило контрола и се превртелo.
Од незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот П.Ѓ., а со телесни повреди сопатникот, 18-годишниот А.Д. од Скопје. Со возило на Итна медицинска помош двајцата биле пренесени во Комплексот клиники “Мајка Тереза“.
На местото на настанот бил извршен увид од страна на увидна екипа од СВР-Скопје и се работи на целосно расчистување на случајот.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.