Димитров и Палмер се сретнаа во МНР

Претпладнево во МНР се сретнаа шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров и заменик-помошникот државен секретар за европски прашања на САД, Метју Палмер. Како што беше најавено Палмер и Димитров требаше да разговараат за поддршката на САД за Договорот од Преспа, важноста да се продолжи со реформската агенда на Македонија, како и за актуелните политички состојби во земјата и во регионот.
Во текот на денов Палмер ќе се сретне и со премиерот Зоран Заев, како и со претставници на политичките партии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.