Се разгорува судирот во фракциите на ВМРО-ДПМНЕ. Па така започна на површина забрзано да излегува се повеќе прљав веш. Член на ЦК на Мицковски (ова е намерна кованица оти тој орган е под негова целосна контрола затоа што статутарно тој ги поставува сите во него) изјави дека “немало никакви странски служби, не прислушуваше Мијалков”.
За НоваТВ изворот навел и дека иницијативата ја поднел потпретседателот на партијата Александар Николовски кој истапил со став дека партијата мора да расчисти со “материјалистите” за да се врати на идеалите на партијата а со тоа да им се овозможи и делување на “идеалистите”, вели член на ЦК на ВМРО ДПМНЕ кој побара анонимност.
Николовски, според истиот извор, во своето излагање по иницијативата навел повеќе информации околу тоа како Мијалков профитирал финансиски благодарејќи на привилегиите кои му ги овозможила партијата. Николовски навел дека партијата за негови лични интереси десетици пати гласала за промена на закони кои биле единствено во служба на задоволување на лукративните интереси на Мијалков.