Најмоќниот пацифички ураган регистриран досега, Ураганот “Валака“ потопи еден од островите на Хавајскиот Архипелаг. Според податоците на салтелитот на Службата за зачувување на рибниот и фондот на диви животни на САД, островот Ист Ајленд е целосно потопен.
Ист Ајленд е долг еден километар, а широк 120 метри. На него се наоѓала половина од загрозениот вид – зелени морски желки.
Хавајскиот Архипелаг, кој се наоѓа на северниот дел на Тихиот Океан, е составен од 24 острови. Научниците стравуваат дека поради промената на климата би можело засекогаш да исчезнат и други острови.


