Мајкл Хигинс останува претседател на Ирска

Ирскиот претседател Мајкл Хигинс освои втор мандат откако доби 55,8 проценти од гласовите на изборите.
– Претседателството не припаѓа на едно лице туку на народот на Ирска. Ќе бидам претседател на сите луѓе, и на оние кои гласале за мене и на оние кои не гласаа, истакна синоќа Хигинс.
На претседателските избори што се одржаа во петокот имаше најмала излезност до сега, под 45 проценти.
Претседателот на Ирска има церемонијална функција во парламентарната демократија на Ирска, предводена од премиерот Лео Варадкар.

Пронајдете не на следниве мрежи: