Додека “Сан“ објави дека во хеликоптерот бил сопственикот на “Лестер“, други медиуми пишуваат дека во него била и за неговата ќерка.
Сопственикот на “Лестер“, Вичај Шриваданапраба се наоѓал во хеликоптерот што се урнал синоќа околу 21.30 часот во близина на стадионот „Кинг Пауер по мечот на „лисиците“ против “Вест Хем“. Покрај “Скај спорт“, повикувајќи се на извори блиски на семејството на тајландскиот милијардер веста ја пренесе и Би-Би-Си . Леталото, како што пишуваат медиумите, нормално се подигнало, достигнало височина од 200 стапки (околу 60-70 метри), по што одеднаш почнало да паѓа и за неколку секунди се претворило во огнена топка.
Покрај Шриваданапраба, меѓу патниците била и една од неговите ќерки, двајца пилоти и уште едно лице кое сеуште не е идентификувано. Трагичниот настан собра голем број на навивачи пред стадионот кои палат свеќи, и положуваат цвеќиња и клупски обележја.