Нема да се укине летно и зимско сметање на времето

Европската унија ниту во 2019 година нема да биде во можност да го укине поместувањето на стрелките на часовникот, поради неколку членки кои не се подготвени за тоа, истакна денеска автсрискиот министер за сообраќај Норберт Хофер.
Тој ги повика на неформалниот состанок во Грац, своите колеги од повеќе земји во ЕУ, за да расправаат за укинување на поместувањето на часовниците двапати годишно, напролет и наесен.

Австрискиот министер, чија земја моментално преседава со ЕУ, истакна дека би било добро да се избегнат различните временски зони внатре во ЕУ. Според Хофер „најважно е да се најде компромис со мнозинството земји, бидејќи многу од членките на Унијата се резервирани кога се работи за промена на системот на сметање на времето, но и околу тоа кога тоа би се спровело“.
Во септември претседателот на Европската Комисија, Жан Клод Јункер најави план следната година да се прекине со поместување на европските часовници, откако милиони луѓе во анкетата се изјаснија „за“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.