Геровски: човекот навистина е политички неписмен и дека треба што поскоро да ја напушти лидерската позиција
Дами и господа миленикот на левичарските сајтови и средства за масовно информирање Мицковски веќе е пуштен низ вода. Ја нема веќе поддршката и медиумската заштита како до 30 септември. Еден Геровски веќе се подбива и го понижува срамнувајќи го со паљачо.
Геровски вечерва ова го напиша, во јасен триумфален и за жал оправдан занес: Николоски се подбива и со шефот и со ВМРО-ДПМНЕ: Пред две недели бил можен подобар договор со Грците, а сега веќе не!
Ако Мицкоски не сфатил дека Николоски го пушта низ вода, тогаш немам што друго да кажам за „драгиот Христијан“, освен дека човекот навистина е политички неписмен и дека треба што поскоро да ја напушти лидерската позиција, за да си биде она за што го бидува – чувар на (своите) хидроцентрали во зимскиот период.
Пред три дена го предупредив лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, дека во политиката, како и во животот, е многу опасно кога ги лажеш другите луѓе, а уште поопасно е кога самиот веруваш во сопствените лаги. И ете, уште не се исуши бојата на хартијата на која тоа беше запишано, а неговиот најблизок соработник, Александар Николовски, јавно и без ронка грижа на совеста, призна дека тој и Мицкоски ги лажеле не само своите сопартијци, членството и симпатизерите на ВМРО-ДПМНЕ, туку и целиот македонски народ, дека ако тие дојдат на власт, ќе постигнеле подобар договор со Грција.
Целиот текст: да си биде она за што го бидува – чувар на (своите) хидроцентрали во зимскиот период.