Борбен авион од типот “миг-29М“ се урна за време на тренинг лет во Египет, објави „Спутник“. Претходно, руски медиуми објавија дека авионот е уништен. “Спутник“ соопшти дека леталото од руско производство влегло во составот на египетската армија во текот на годинава.
-Имаме оперативни податоци за падот на египетскиот миг-29М. Во блиска иднина, нашите експерти ќе одат во Египет за да помогнат во истрагата за инцидентот, информира руската компанија за производство на воздухоплови.
“Комерсант“ објави дека пилотот успеал да се катапултуира пред авионот да се урне.
И натаму е непозната причината за уште еден пад на авион „миг-29М“, кој се урна во близина на Москва за време на обука пред еден месец.