Турската амбасадорка во Уганда, Седеф Јавузалп, беше отповикана затоа што на прием по повод 95-годишнината од основањето на модерната Турција, облекла костум инспириран од Елена Тројанска.
“Хуриет” објави фотографија која покажува дека на приемот во Амбасадата во Кампала, носи фустан со мотиви од античка Грција. И други турски медиуми пишуваат дека Јавузалп била облечена како Елена Тројанска, а слични антички комбинации имале и другите вработени во амбасадата.
Турскиот министер за надворешни работи, Мевљут Чавушоглу, напиша на Твитер дека “истрагата започнала веднаш по објавувањето на фотографиите, а амбасадорката е отповикана”.
Пронајдете не на следниве мрежи:



