Одлуката дали ќе му го одземе мандатот на поранешниот премиер, а сега пратеник Никола Груевски, кој е осуден со затворска казна во траење од две години Собранието на Р. Македонија ќе ја донесе во вторник. За одземање на мандатот ќе расправа Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања на седница закажана за утре во 12 часот. Единствена точка на дневниот ред е Предлог за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски врз основа на добиено известување од Основниот суд Скопје 1 Скопје, Одделение за организиран криминал и корупција за пресуда КОК бр.59/17 од 23.05.2018 година со која пратеникот е осуден на казна затвор во траење од две години.
Членовите на Независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ во петокот се изјаснија дека нема да гласаат за одземање на мандатот на поранешниот претседател на партијата.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.