Возачи кои возат пребрзо од сообраќајната полиција покрај казна ќе добијат и картички за донирање органи. Со оваа мерка во Естонија се надеваат дека ќе го намаат бројот на несреќи и настрадани.
Иако Естонија има богата мрежа камери за мерење на брзината на нејзините патишта, сепак земјата е на врвот на европската статистика за пребрзо возење. Годишно се казнуваат помеѓу 12 и 15 проценти од сите возачи.
И возачите се согласуваат и мислат дека со оваа кампања, барем некои од нив, ќе станат посвесни за тоа што се случува кога премногу брзо возат.