Ученици биле ослободени од настава за да одат на протести против Трамп

Околу 30 отсто од уапсените 112 демонстранти гласале во Орегон или во друга сојузна држава, а најмалку 79 демонстранти или не се појавиле на гласање или не биле регистрирани дека гласале во сојузната држава.Протестите во САД продолжија и вчера, точно една недела по претседателските избори. Вчера повеќе од две илјади средношколци во Вашингтон се приклучија на протестите. Тие, како што пренесе „Вашингтон пост“, ја напуштиле наставата и излегле, носејќи знаци, марширајќи и викајќи додека не пристигнале до пред хотелот сопственост на Трамп. Голем процент од нив воопшто и не гласале на изборите, но сакале да ги изразат своите фрустрации.
– Ние сме разнобразно училиште и прифатлива средина и чувствуваме дека администрацијата на Трамп ќе се обиде да нѐ раздели. Протестираме за да покажеме дека сме обединети – рекол 17-годишниот ученик Перл Странд.
Отсуства од елитно њујоршко училиште
Истовремено, „Фокс њуз“ пренесе дека наставници по историја во елитно њујоршко средно училиште наводно им дозволиле на учениците вчера да ги прескокнат часовите за да се приклучат на протестите, иако некои од нивните колеги наставници се противеле на таквите одлуки. Неименувани извори за „Њујорк пост“ истакнале дека околу 200 ученици од едно училиште на Менхетен им се приклучиле на другите ученици во градот во демонстрациите пред домот на Трамп.
Инаку, поголемиот дел од 112 демонстранти што минатата недела беа уапсени за време на протестите против новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, не гласале во сојузната држава Орегон, покажуваат државните записи. Околу 30 отсто од уапсените гласале во Орегон или во друга сојузна држава, а најмалку 79 демонстранти или не се појавиле на гласање или не биле регистрирани дека гласале во сојузната држава, пренесуваат американските медиуми.
По изборот на Трамп за нов претседател на САД, илјадници луѓе излегоа на улиците, а протестите беа најжестоки во Портланд, каде што имаше и немири, кои предизвикаа штета на имотите вредна еден милион долари. Апсењата се случија во петокот и саботата, кога демонстрантите од Портланд се судрија со полицијата. Порталот „Kеј-џи-дабл ју“ (KГВ), партнер на Ен-би-си во Портланд, составил листа со 112-темина уапсени во Портланд и ги споредил имињата и возрастите, добиени од полицијата, со гласачките регистрирања на службениците од округот Мултнома. Записите покажуваат дека 39 од демонстрантите што биле уапсени се регистрирани во сојузната држава, но не гласале, додека 35 од демонстрантите што биле приведени не биле регистрирани за гласање во Орегон.
Kевин Григсби е еден од 71 уапсени за време на протестите во саботата вечерта. Тој истакнува дека не направил ништо лошо, но дека не гласал.
– Не гласав и причината за тоа е што знаеме дека изборниот колеџ е она што е најважно. И мислам дека треба да го промениме тоа затоа што твојот глас не е важен ако немаш доволно поени во изборниот колеџ – вели Kевин. Друг демонстрант вели дека уапсените не се претставници на илјадниците луѓе што излегоа на улиците минатата недела.
– Не мислам дека луѓето што беа уапсени го претставуваат мнозинството луѓе што протестираат – вели тој.
Не е јасно дали оние што не се регистрирани во Орегон, се регистрирани да гласаат во други сојузни држави. Поголем дел од нив ги навеле адресите во Орегон како официјално живеалиште во судските записи. Четворица од уапсените се на возраст под 18 години и не можат да гласаат.
Демонстранти носени од други места
На интернет имаше многу докази дека демонстрантите се носат од други места и оти се охрабрени од надворешни агитатори. Анализите на судските записи направени од страна на KГВ покажале дека мнозинството уапсени во Портланд се или од Орегон, или од Вашингтон. Вкупно 89 навеле адреси на живеење во Орегон, седуммина во Вашингтон, еден во Kалифорнија и еден во Тексас, а 14 демонстранти немале наведено адреси во судските записи.
На ниво на сојузната држава, околу 79 отсто од регистрираните гласачи во Орегон го искористиле своето право на глас, претставувајќи само малку повеќе од два милиона гласа.Протестите во САД продолжија и вчера, точно една недела по претседателските избори. Вчера повеќе од две илјади средношколци во Вашингтон се приклуч

Пронајдете не на следниве мрежи: