Тревогата за постоењето на бомба во куфер на главната железничка станица во Барселона, поради што утрово беа евакуирани два воза, за среќа се покажа како лажна.
Евакуација од сомненија за експлозивна направа имало и во Мадрид заради што и таму била затворена железничката станица. По извршената проверка станицата повторно била отворена, соопшти шпанската полиција и информираше дека и таму се работело за лажна тревога.