При претрес на камион на граничен премин во Велика Британија полицијата пронашла 21 лице, меѓу кои и деца на возраст под 12 години. Се претпоставува дека групата доаѓала од Виетнам, а луѓето биле скриени во ладилник меѓу шишиња со вода. Под обвинение дека помагал за нелегален премин на границите полицијата го уапсила возачот, за кој соопштува дека е Романец.
Децата пронајдени во камионот, за среќа, според соопштението на официјални лица, немале потреба од медицинска помош, па веднаш биле префрлени во социјалната служба. 18-годишно момче и 27-годишна девојка биле депортирани од Велика Британија. Другите четири деца, додека не се испитаат нивните случаи, ќе бидат во центрите за имиграција.


