Истекоа тајни записи, кои покажуваат дека британската влада сѐ уште нема заеднички план за излез од ЕУ.Велика Британија сѐ уште нема никаков план како да се изведе Брекзит. Тоа го покажаа протечени доверливи записи од Лондон. Во меѓувреме, опозициската британска Лабуристичка партија, сепак нема да го блокира усвојувањето на Член 50.
Токму тој регулира како земјата да излезе од Европската унија, ако се одржи референдум во парламентот:
„Ние не сме должни да се обидеме да ги оспориме резултатите од референдумот или да инсистираме на спроведување на прегласување. Ако Член 50 биде инициран во парламентот, лабуристите нема да се обидуваат да ја сменат или одложат оваа одлука“ – се наведува во изјавата на министерот за финансии Џон Макдонел.
Претходно, Тереза Меј соопшти дека има намера да започне постапка за излегување на земјата од Унијата. Таа даде рок во кој тоа да се случи не подоцна од март 2017-та година.
Пред БиБиСи таа зборува уште за слободната трговија и лидерското место на земјата.
.@theresa_may says “change is in the air” after #Brexit and #Trump and politicians must respondhttps://t.co/Dg0FG7zDRT pic.twitter.com/mI0Xssdy95
— BBC News (UK) (@BBCNews) November 14, 2016
Протечените документи покажуваат дека политичарите сѐ уште не се сигурни кој потег точно да го преземат. Во прикажаните јавни текстови е запишано дека „државните службеници имаат тешкотии со спроведувањето на околу 500 поврзани проекти со Брекзит и може да имаат потреба од дополнителни 30 000 лица персонал, за да се справат со работата“.
Тереза Меј негираше дека има таков извештај:
„Тоа не е владин извештај и ние не ги препознаваме тврдењата направени во него“.Велика Британија сѐ уште нема никаков план како да се изведе Брекзит. Тоа го покажаа протечени доверливи записи од Лондон. Во меѓувреме, опозициска