Сончево со мала до умерена облачност

Времето во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност, по одделни котлини со појава на утринска магла. Утринската температура ќе се движи од минус 1 до плус пет степени, а дневната од 13 до 21 степени.
И во Скопје ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 2, а дневната до 19 степени.
Периодот на стабилно време со појава на утринска магла по одделни котлини продолжува. Дневните температури ќе се задржат над просекот за овој период од годината. Од среда ќе започне да дува северен ветер кој ќе предизвика постепен пад на дневните температури.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.