Истечена киселина ги затвори жителите на Франкфурт во домовите

Во германскиот град Франкфурт на Мајна денес дојде до истекување на хлороводородна киселина. Инцидентот се случил во индустрискиот дел на градот, а локалните власти апелираа до жителите да не ги отвораат прозорците и вратите.
Како што пренесоа некои германски медиуми до истекување на киселната дошло кога се превртел камион со опасната материја.
Патиштата се затворени, а пожарникарите успеаја да го запрат истекувањето на киселината и ситуацијата сега е стабилна.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.