Поради незадоволство од нејзината работа во спроведувањето на имиграцискиот план американскиот претседател Доналд Трамп одлучи да ја смени секретарката на Државната безбедност, Кристен Нилсен. Оваа недела тие заедно требаше да ги посетат американските трупи на границата во јужен Тексас, но Трамп го откажа планираното патување со Нилсен при што им рекол на неговите помошници дека сака што поскоро да ја види надвор од службата. Нејзиното заминување од администрацијата, најверојатно, ќе се случи во наредните неколку недели, ако не и порано, наведуваат неколку претставници на Белата куќа. Претставници од Државната безбедност одбиле да потврдат потенцијално заминување на Нилсен.
Претседателот Трамп со месеци изразуваше незадоволство од работата на Нилсен во спроведувањето на имиграцискиот план и верува дека ќе најде замена која подобро ќе ги применува политичките идеи.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.