Ова со право си ги поставуваат огромен број на граѓани денеска и деновиве. Имено, сите се прашуваат како можел Груевски без пасош да премине повеќе граници и незабележано да стигне во Унгарија? Така ли се прави тоа? Сипи написе?
Се знае дека за да се дојде во ситуација до барање на азил треба да име претходни контакти, расположение, основа за азил… Дали ги има сите овие елементи во неговиот случај? Ние мислиме дека ДА! Груевски самиот објавуваше статуси со кои се подготвуваше да контекстот за политичка пресметка и азил. На пример:
Тука јасно кажува дека сево ова што му се случува е во политички контекст и прогон. И новите 6 истраги на СЈО исто така ги искоментирал во насока на политички прогон:
За да накрај исчезне. Но имало портали кои се посомневале во ваков можен исход уште поодамна. Па така фокус уште во август пишува дека е можно да му се дозволи на Груевски да избега ако пратениците на ДПМНЕ гласаат за промена на името. Сето тоа во наредниот период и се случило. Како во пророштва на Ванѓа. Исто така во кулоарите на партијата на Груевски подолго време се зборува дека партијата треба да е примирена и конструктивна за да може да се врати на власт. Пакетот вклучува молчење при воведување на двојазичност, како и промена на име. Наши извори од партијата ова го потврдуваат.
И сега додека едни скапуваат по зандани поврзано со последните активности на Груевски како моќник, тој е далеку на безбедно и без консеквенци за своето делување…