Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, на Европското првенство во фудбал кое се одржува во Франција, ќе навива за Германија. Од 24 репрезентации кои во наредниве 30 дена ќе се борат за големиот трофеј, Груевски ќе стиска палци за Германија бидејќи, како што вели, репрезентацијата практикува тимска игра и не се предава.-Тие и кога губат, играат докрај. 90 минути даваат сe од себе, до последен атом на силата. За Германија нема пораз до крајот на натпреварот, изјави Никола Груевски за “Вест”.
Сличен став за тимот на Германија има и претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, кој вели дека фаворит за освојување на Првенството е Германија.
-Сите ќе бевме најсреќни доколку навивавме за македонската репрезентација. На претстојното ЕП со симпатии ќе ги следам натпреварите на земјите од нашиот регион, а според мене, фаворит за освојување на Првенството е Германија. Го почитувам односот на Германците кон фудбалот, ми се допаѓа нивната посветеност, упорност и дисциплина, изјави Иванов.
За тимот на Германија ќе навива и министерот за здравство Никола Тодоров.
За кого навиваат Заев, Трајановски, но и албанските политичари и скопските градоначалници прочитајте на ВЕСТ.-Тие и кога губат, играат докрај. 90 минути даваат сe од себе, до последен атом на силата. За Германија нема пораз до крајот на натпреварот, изјави