Груевски побегнал преку Албанија, пишува српска “Политика“

Во моменти кога во македонската јавност се плетат разни приказни и претпоставки за тоа како пребегал експремиерот, а една од почестите е таа дека тоа го направил преку Србија со назнака – ексклузивно утрово со своја приказна на насловната страница излезе српскиот весник “Политика“. Имено во текстот се тврди дека Груевски во Унгарија побегнал преку Албанија. Наводно со лажен пасош ја преминал македонско-албанската граница и со утрински лет, на копанијата “Малев”, стигнал во Унгарија. Не сакајќи да шпекулираме-вистина или не текстот го пренесуваме интегрално:
“Поранешниот македонски премиер со лажeн пасош ноќе ја преминал македонско-албанската граница и илегално стасал во Тирана, каде што го прифатиле во амбасадата на Унгарија. Со прв утрински лет на компанијата “,Малев” тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта.
Никола Груевски, поранешниот премиер на Македонија се наоѓа во Будимпешта, каде што од унграските власти побара политички азил. Претходно, во Скопје го избегна отслужувањето на казната од две години затвори, поради набавка на блиндираниот службен “мерцедес”.
Добивајќи информација од своите соработници во системот дека полиција се подготвува да го уапси, Груевски со лажен пасош ноќе ја преминал македонско-албанската граница и незаконски дошол во Тирана. Таму го прифатиле во Амбасадата на Унгарија и со првиот утрински лет на унгарската компанија “Малев” тој директно од Тирана пристигнал во Будимпешта. Екипажот на авионот воопшто не знаел кој е патникот со шешир и очила за сонце, кои не ги симнувал ниту во авионот.
Во моментот кога македонската потерница стапи на сила, а тоа беше некаде околу 10 часот предпладне, Никола Груевски веќе беше во Будимпешта, од каде им прати топла порака на властите во Скопје дека ги изиграл, но дека ја сака Македонија и дека секогаш ќе биде со неа. Но, секако дека ја сака и слободата.
Властите во Скопје реагираа веднаш со апсење на соработниците на Никола Груевски, поради овие или оние причини. Но сега за се е доцна, главниот играч побегна, а на властите им останува да истражат кој се му помогнал на Груевски да побегне од Скопје.
Бидејќи, сигурно е дека тој бил под силен надзор на полицијата 24 часа. Или полицијата воопшто и не знаела каде тој се наоѓа? Како е можно Груевски да ја премине македонско-албанската граница, а да не го идентификуваат македонската и албанската гранична служба? А, се знаеше дека изминатите месеци му беше одземен пасошот? Кој е тој што потфрлил на македонската, а кој на албанската страна? Или, всушност големиот брат од онаа страна на Атлантикот заклучил дека е најелегантно Груевски “да се засолни” во Унгарија. И таму да биде џокер за некои идни времиња, ако Заев не биде конструктивен онака како што сакаат Тирана и Вашингтон. Симболиката и е таа дека Никола Груевски побегна во Будимпешта токму преку Тирана, а тој беше главен противник на “Тиранската платформа”, која беше вовед во неговиот пад од власта”.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.