Трамп именуваше модна креаторка за амбасадорка

Доцна синоќа Белата куќа објави дека претседателот на САД, Доналд Трамп за нова амбасадорка во Јужна Африка именуваше модна креаторка од јужна Флорида. Станува збор за Лана Маркс, која по раѓање е Јужноафриканка, пораснала во Јужна Африка и сега е извршен директор на модна фирма која ги снабдува славните личности.
Од изборот на Трамп за претседател САД немаа амбасадор во земјата, факт заради кој имаше мноштво критики дека Владата на Трамп не е доволно посветена на односите со Јужна Африка.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.