Освен сообраќајни првиот годинешен снег на Пелистер им направи огромни проблеми и на четири лица кои останаа завеани во битолското село Горно Ореово. За среќа се се заврши добро. Тие утринава биле спасени од припадници на Подрачното одделение Битола при Дирекцијата за заштита и спасување.
-По тешките околности на патот и соодветно пребарување на теренот четирите лица беа пронајдени вознемирени, во паника и неизвесност. Од страна на вработените во ДЗС на лицата им беа дадени топли напитоци, а потоа, истите беа преземени и безбедно вратени во Битола, информираат од ДЗС.
Акцијата за пронаоѓање и спасување започнала веднаш по добивањето на информацијата и траела до 6 часот изутринава.