Обилните врнежи од дожд кој од вчера паѓа низ цела Црна Гора, предизвика неволји за мештаните во бројни населби и градови. Градот Тиват на црногорското приморје го зафати големо невреме, а сообраќајот се одвива во отежнати услови заради поплавените улиците во градот.
Од полноќ наврнале 85 литри по метар квадратен, а ветерот соборил стебла на повеќе места.
Патот Тиват-Будва е затворен поради невремето за сите видови возила. Службата за заштита соопшти дека досега не добила повици за помош.
Екипите од Службата за заштита и спасување, Комунално станбено претприемништво и Чистота се на терен и помагаат при санирање на последиците од невремето.