Трочани: Откако доби азил Груевски не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон

Унгарската служба за имиграција и бегалци вчера му одобри политички азил на Груевски, по кого Македонија распиша меѓународна потерница заради издржување на двегодишната затворска казна. Македонското Министерство за правда, пак, вчера до унгарските власти го достави и барањето за екстрадиција на Никола Груевски од Унгарија.
Како одговор на тоа денес доаѓа изјавата на унгарскиот министер за правда, Ласло Трочани. Унгарската Влада ја исклучува можноста за екстрадиција на поранешниот македонски премиер, Никола Груевски во Македонија.
– Груевски откако доби азил во Унгарија не може да биде испорачан во земја во која e цел на прогон, кажа Трочани во интервју за унгарската телевизија „Ехо“.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.