За Меркел договорот за Брегзит е дипломатско ремек-дело

Договорот за Брегзит кој британската премиерка Тереза Меј го постигна со Европската унија германската канцеларка Ангела Меркел го оквалификува како „дипломатско ремек-дело“.
– Ова е историски ден, кој предизвикува спротивставени чувства…трагично е што Обединетото Кралство ја напушта ЕУ после 45 години, но мора да го испочитуваме гласот на британскиот народ, истакна Меркел.
Таа го пофали Договорот кој Меј го постигнала во „екстремно тешка ситуација без преседан“, но не пропушти да дополни дека во него се одразуваат интересите на обете страни.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.