Денес во Собранието на Република Македонија ќе се одржи јавна расправа за загадувањето на амбиенталниот воздух.
На јавната расправа, која ја организира собраниската Комисија за транспорт, врски и екологија, се очекува да присуствуваат претставници од различни организации, институции, здруженија и асоцијации кои ќе дадат свои мислења за загадувањето на воздухот.