Поради Брегзитот Владата на Тереза Меј покуса за уште еден министер

Британскиот државен министер за наука и образование Сем Џијма е шестиот министер од кабинетот на премиерката Тереза Меј кој ја напушти Владата. И тој си поднесе оставка поради Брегзитот.
„Тој договор не ги штити националните интереси на Велика Британија, напиша Џијма на Фејсбук. Тоа значи дека Велика Британија го губи својот глас и право на вето“. Меј не треба да исклучува можност за втор референдум за членството на Велика Британија во ЕУ, напиша Џијма.
Ова е уште еден удар во низата кои деновиве и се случуваат на Меј, додека таа се обидува да ги убеди своите пратеници да го поддржат договорот за Брегзит.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.