Европската Унија е во иста состојба како и лани и многу нешта не еволуираа кон добро, истакна меѓу другот во својот говор за состојбата на Европската Унија, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, кој притоа посебно инсистираше на тоа дека европскиот начин на живот мора да биде заштитен, јавува дописникот на МИА од Стразбур.Веднаш по говорот на Јункер, за збор се јавија лидерите на политичките групи во Европскиот парламент.
Манфред Вебер (Германија), претседател на групата на Европската народна партија, ги истакна проевропските ставови на голем број млади Европејци кои патувале низ Европа ова лето со ИнтерРај, велејќи дека „за младите во Европа, Европа значи подобра иднина.” Тој исто така рече: Турција е важен партнер, но не може да биде полноправна членка на ЕУ, заклучувајќи дека “народите на Европа не сакаат поделена Европа, туку решенија.”
Водачот на групата Социјалистите и демократите, Џани Питела (Италија) му се заблагодари на Жан-Клод Јункер за давањето на позитивни одговори на предлозите на неговата група за одржлив раст, план за инвестиции, вработување и борба против даночната евазија. Говорот на Јункер е „совесен и одговорен”, истакна тој подвлекувајќи го отсуството на флексибилност и препораки за штедење. За Брекзит Питела, истакна дека британскиот премиер Тереза Мај ја држи ЕУ „во шах” три месеци по гласањето за Брекзит и ја нагласи потребата ЕУ да реагира.
За група на ЕЦР (европските конзервативци и реформатори), Сајед Камал (Велика Британија), рече: “повеќе Европа, поголема воена интеграција и повеќе долгови само ги оддалечија повеќе луѓето во Европската унија.” Отфрлањето на легитимните грижи на Европејци ќе ги води гласачите кон радикални политички сили”, предвиде тој, посочувајќи дека ЕУ може да направи помалку, но подобро […] да се одговори на новите сигнали, да обезбеди значајни реформи кои ќе помогнат да биде конкурентна и да се обезбедат можности за граѓаните во глобализираниот свет. ”
Лидерот на АЛДЕ (Либератите) Ги Ферхофштат (Белгија) истакна дека постои јаз во Европа помеѓу генерациите, со помладите кои се за и постарите кои се повеќе скептични. „Популистите проповедаат лажно чувство на сигурност дека со ѕидови ќе ги решат сите проблеми, но како да се зачуваат нашите земји од климатските промени или терористите? Со огради или европски политики?, запраша тој, додавајќи дека „Европа е лек против ракот на национализам” и Брекзит е шансата за Европа.
– Секогаш грбот на граѓаните е тој кој ги носи долговите, изјави Габриеле Цимер (ГУЕ / НГЛ, Обединетат левица од Германија). Ние ќе продолжиме да зборуваме за флексибилност и вработувањето, но како ќе поверуваат граѓаните? Според неа приоритет треба да биде да се обезбеди европските граѓани да имаат „пристојни работни места и погодни места за живеење”. Цимер, исто така, рече дека Унијата мора да стане подемократска.
Ребека Хармс (Зелените / ЕФА, Германија), изјави дека Европската унија е одговор во овие несигурни времиња на глобализација и повика на понатамошни активности кои би можеле да им дадат на граѓаните “нова доверба во новиот заеднички европски пат.” Таа, исто така, повика на глобален сојуз за почетокот на ратификацијата на договорот постогнат во Париз за климата.
Шефот на ЕФДД (Европа на Слобода и деиртектните демократии) Најџел Фараж (Велика Британија) рече дека е задоволен од гласањето во Велика Британија да ја напушти ЕУ. Тој предвиде брз пораст на опозициските партии во Европа, велејќи: “Ти нема да ги запреш земјите од Источна Европа кои и рекоа не на политиката на Меркел за бегалци” и ќе има повеќе референдуми за Европа.
Марин Ле Пен (Европа на Нации и слободи, Франција) го опиша говорот на Јункер како „ироничен и со недостатоци”, велејќи дека тој и звучеше „во основа како погреб за Европската унија”. За Ле Пен, Брекзит навистина го скрши табуто, таа покажа дека можеме да ја напуштиме ЕУ и да бидеме подобро.” Во одговор на едно прашање, таа рече дека ќе предложи референдум за излез на Франција од ЕУ, Фрекзит, доколку биде избрана за претседател на Франција во 2017 година.
Диан Додс, европарламентарка без политичка група од Велика Британија, се надева дека по Брекзит „Европската унија и Велика Британија ќе дефинираат и изградат нови и заемно корисни односи.”
„Европската унија се соочува со невидени предизвици, но прво и основно тоа мора да се борат против несигурноста”, истакна Иван Корчок, државен секретар во Министерството за надворешни работи и европски прашања на Словачка, говорејќи во име на Советот. Самитот во Братислава на 16 септември ќе биде „можност за искрена и отворена дискусија” по референдумот во Велика Британија и „ќе започне процес” за да се најде „терен на разбирање“ во областа на миграцијата, внатрешната и надворешната безбедност , рече тој.Веднаш по говорот на Јункер, за збор се јавија лидерите на политичките групи во Европскиот парлам