Искра Лоренс е британска плус-сајз манекенка која е позната по тоа што не дозволува да ѝ се уредуваат и фотошопираат фотографиите.
Искра го користи секој момент за да ги охрабри жените да го сакаат своето тело со сите доблести и маани. Таа е главен модел за модната компанија “Aerie”, а во светот на модата е веќе 13 години. Лоренс се појавувала и на модните недели во Њујорк и Париз.
Манекенката пред десет години била многу слаба, но никогаш не криела дека во текот на растењето водела борба со несигурностите. На 15 години, таа била подложена на Аткинсонова диета со цел да ги намали природно бујните облини, но сепак и кога била слаба, Искра тврди дека постојано била незадоволна.
“Го споделувам своето искуство бидејќи морам да ви кажам дека ако се чувствувате како што се чувствував јас, постои начин да ги надминете пореметувањата во исхраната. Не сте сами. Најдобрата работа која некогаш сум ја направила е што се фокусирав на себеси и пробував да бидам најдобрата верзија од себе”, неодамна изјавила убавата русокоса.
Таа често објавува фотографии на кои не позира, не го вовлекува стомакот и не зазема положби во кои би изгледала подобро.
“Кожата ми е мека и набрана, вака изгледа мојот стомак кога се движам и свиткувам”, напишала Лоренс под новата фотографија која ја објавила на социјалните мрежи.