Во полициска зграда во Атина фрлени експлозивни направи

Со употреба на домашно изработени експлозивни направи, група млади лица рано утрово ја нападнале полициската зграда во источниот дел на Атина, пренесе грчката новинска агенција „АНА“. Инцидентот се случил утрово во 2.30 часот. Очевидците раскажуваат дека напаѓачите ги фрлиле бомбите, по што почнале да бегаат.
Како што пренесе грчката агенција во инцидентот нема повредени, а полицијата покренала истрага.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.