Мнозинството Британци се согласуваат да се забрани носењето бурка на јавни места, додека половина од испитаниците сметаат оти бурките треба да бидат забранети, покажува истражувањето на лондонската агенција „Југав“.Дури 57 отсто од учесниците во истражувањето изјавиле дека се согласуваат со забрана, 25 отсто биле против, а други 28 отсто изјавиле дека немаат став околу ова прашање. Против забраната се младите на возраст меѓу 18 и 24 години, додека повозрасните се за воведување забрана во Велика Британија. Кај постарите од 65 години, дури 78 отсто од анкетираните ја одобруваат забраната.
Според анализата на „Југав“ мнозинството од оние кои се за забрана, се гласачи на британската владејачка Конзервативна партија, како и на десничарската, антиевропска Парија на независност на Обединетото кралство (УКИП).
Анкетата во Велика Британија е направена по одлуката на локалните власти во триесетина општини на југот од Франција, да се забрани носењето буркини на јавните плажи. Забраната важеше до денеска, но решението предизвика јавна дебата околу облекувањето на муслиманките.
Во меѓувреме, највисокиот административен суд на Франција ја отфрли одлуката на една општина, која единствено беше обжалена, но таа не влијаше врз другите, затоа што десетина општини одбија да ја применат. Франција е првата земја на Западот која уште во 2011 година, воведе забрана за носење бурка на јавни места.
Британската влада минатата недела соопшти дека нема да воведе забрана за носење бурка. Портпаролот во Даунинг стрит 10 изјави дека „нема потреба владата да определува кој како ќе се облекува“.Дури 57 отсто од учесниците во истражувањето изјавиле дека се согласуваат со забрана, 25 отсто биле против, а други 28 отсто изјавиле дека немаат с