Сите биле изненадени кога на доделувањето на модните награди во Лондон се појави и војвотката од Сасекс, Меган Маркл.
Таа можеби е член на кралското семејство, но не може да одолее на црвениот тепих. Поранешната глумица, 37 годишната Меган се појави на доделувањето на наградите како гостинка која им приреди изненадување на сите присутни. Таа се појави на свеченоста поради дизајнерката на Живанши, Клер Вајт Келер, која ја дизајнираше венчаницата на Меган.
Меган ја имаше таа чест да ја прогласи Клер за најдобра дизајнерка на годината и да ѝ ја врачи наградата.
Преубавата трудница носеше црна тоалета на едно рамо, собрана коса во пунџа и препознатлива насмевка на лицето. Со рацете го држеше трудничкото стомаче кое е сè повеќе видливо.
Странските медиуми пишуваат дека Меган повторно го прекрши кралското правило, бидејќи на рацете имала темен лак за нокти, кој кралицата строго го забранува.