Ослободен е и последниот заложник од филијалата на „Ситибанк” во центарот на Москва, која беше нападната од 55-годишен маж, претходно вечерва, соопшти ТАСС, цитирајќи соопштение на руската полиција.– Внатре останува само групата, која преговараме со киднаперот, но повеќе нема заложници, велат од полицијата.
Кај напаѓачот немало експлозивна направа. Се утврди дека кутијата која ја закачил околу вратот и од која излегуваа жици, била полна со сол.
Еден од заложниците, кој се наоѓал во нападнатата филијала на банката, бил заменикот-главен уредник на ТАСС Глеб Брјански.
– Киднаперот немаше поглед на суров криминалец, туку на очаен човек. Тој многу се нервираше, постојано се извинуваше на заложниците и многу пушеше, раскажа Брјански.
Напаѓачот – Арам Петросјан, рекол дека е бизнисмен и оти до неодамна произведувал сетови за прва помош, но банкротирал.– Внатре останува само групата, која преговараме со киднаперот, но повеќе нема заложници, велат од полицијата.
Кај напаѓачот немало е