Дилемата вистина или фотомонтажа е разрешена. Фотографијата од вчерашната прошетка на поранешниот македонски премиер Никола Груевски низ улиците на Будимпешта која се рашири со брзина на светлината по социјалните мрежи и медиумите е оригинална, а изворот го откри унгарски „Индекс“.
Британски новинар Даниел Нолан го фотографирал Груевски во близина на култна пивница во унгарската престолнина.
– Го фатив жив! Пребеганиот екс-македонски премиер забележан во Будимпешта – напиша британскиот новинар заедно со објавената фотографија на Твитер, пренесе “Фактор“.