недела, 29 ноември 2026
Најново

Скопје ЗОО ќе добие „Џурасик парк“

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Скопската Зоолошка градина на пролет ќе стартува со изградба на „Џурасик парк“ со 50 диносауруси ц, информираат од Скопје ЗОО. На колкав простор тој ќе биде подигнат од ЗОО Скопје се уште не даваат конкретни информации.
-Идејата за еден ваков парк потекнува од пред неколку месеци. Се надеваме дека доколку се биде според нашите очекувања, напролет и официјално ќе стартува изградбата на овој парк, во кој ќе бидат поставени диносаурусите, кои е предвидено да бидат во природна големина. Очекуваме тие да станат атракција за сите посетители на ЗОО, без разлика на возраста. Диносаурусите првенствено ќе служат за едукација, но со нив посетителите ќе можат и да се фотографираат, изјави за медиумите Тина Мицковска од скопската Зоолошка Градина.
Од Зоолошката градина информираат дека во моментов се бараат спонзори за реализација на проектот, како и одобрување за негова реализација од страна на Град Скопје.
– Местото каде што ќе бидат поставени овие диносауруси за коишто се надеваме дека ќе бидат нова атракција во Скопје, ќе биде во близина на сегашното живеалиште на коњите – објаснува Мицковска.

 

Поврзани вести