Адвокатот Александар Тортевски јавува дека ќе го брани Игор Југ про боно, односно бесплатно ако не добие амнестија. Тој е еден од најгласните критичари на новиот Закон за амнестија, кој стапи на сила вчера.
-Игор Југ има повеќе право да добие амнестија од пратениците. Тој не ја извршил задачата што организаторите му ја доделиле. Пратениците ги отвориле вратите со што во целост ја исполниле задачата добиена од организаторот на државниот удар, стои во еден од твитовите.