Убиен лидерот на ИД за Синај и уште 45 џихадисти

Египетската армија вечерва соопшти дека нејзини припадници го ликвидирале лидерот на огранокот на џихадистичката група Исламска Држава на Синајскиот Полуостров.Во соопштението на египетската Армија, објавено на Фејсбук, се наведува дека лидерот на ИД за Синај, Абу Дуја ал Ансари бил убиен при воздушни напади во близина на градот Ариш.
При овие напади, покрај Ансари, биле убиени уште 45 припадници на ИД и биле уништени неколку складишта со оружје на џихадистите, се додава во соопштението.
ИД засега не се огласи во врска со ваквите тврдења на египетската армија.
 Во соопштението на египетската Армија, објавено на Фејсбук, се наведува дека лидерот на ИД за Синај, Абу Дуја ал Ансари бил убиен при воздушни напа

Пронајдете не на следниве мрежи: