четврток, 26 ноември 2026
Најново

Ќе протестираат семејствата на обвинетите за убиството на Саздо

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Семејствата и роднините на лицата кои се обвинети за убиството на младиот Никола Саздовски Саздо, незадоволни од судскиот процес најавуваат дека ќе протестираат и ги повикуваат граѓаните да им се придружат на нивниот, како што го велат, протест за правда, пренесува порталот на албански јазик “Алмакос”.
-Длабоко огорчени со преквалификација на предметот за случајот “Саздовски”, ние семејствата на Бесир Бела и Скендер Демири, ја известуваме јавноста дека на 25.12.2018 (вторник) во 10:30 часот – за време на седницата ќе протестираме пред Основен суд Скопје.Ве повикуваме сите граѓани да ни се приклучите на нашиот протест за правда, бидејќи базирани на сите докази на обвинителството што ги поседува судот, нашите момчиња не можат да се класифицираат како свирепи убијци. Бараме судот да биде ист за сите граѓани, а не за некои мајка за некои маќеа. Да се засноваат на факти и да не бидат под влијание на политички притисоци и да нема реванш против некои “граѓани кои припаѓаат на други етнички групи, соопштуваат семејствата.

Поврзани вести