Лиса Гринвуд се решила да коментира на Твитер по говорот на Мишел Обама на Конвенцијата на Демократите, но тоа ја чинело работно место.„Прекрасна? Ви се молам, таа е грда црна кучка“, постирала Гринвуд за првата дама, и оттаму работите тргнале наопаку за оваа агентка за заеми.
Заради тоа што Гринвуд постирала со своето вистинско име на својот профил на Твитер, некои интернет тролови успеале да го најдат и нејзиниот профил на Фејсбук, а оттаму нашле каде работи.
Грин била агент за заеми во Home Point Financial, се до моментот кога фирмата била спомната во секакви твит-постови од страна на левичарите, кои во постовите ја молеле фирмата да ги отстрани вработените расисти.
Извор од фирмата изјавува дека добиле повик од канцеларијата на првата дама и ја отпуштиле Гринвуд од работа.
Канцеларијата на првата дама не даде коментар.
Ова не е прв пат Мишел Обама да отпушти некој заради критика на нејзиниот изглед. Во 2014 год., телевизиски водител ја спореди првата дама со ликови од филмот „Планетата на мајмуните“ и беше отпуштен откако телевизиската куќа доби поплака од Белата Куќа.
„Прекрасна? Ви се молам, таа е грда црна кучка“, постирала Гринвуд за првата дама, и оттаму работите тргнале наопаку за оваа агентка за
Пронајдете не на следниве мрежи: